ВИДЕО Изгоре куќата на Бајден во темел, од замок во Лос Анџелес вреден 4 милиони долари остаа само два оџаци

Куќата на Хантер Бајден, синот на актуелниот американски претседател Џо Бајден, изгоре до темел во пожар кој беснее во околината на Лос Анџелес, Калифорнија, објави денеска Дејли мејл.

Фотографиите во медиумите покажуваат дека од куќата во Малибу вредна четири милиони долари, која Хантер Бајден ја изнајмил, останале само два оџаци, а во пожарот изгорела и соседната куќа која синот на американскиот претседател ја користел за да го смести своето обезбедување .

Куќата за изнајмување со три спални соби и три бањи имаше панорамски поглед на Тихиот Океан и беше една од домовите изгорени во пожарот во предградието на Пацифик Палисадес, каде што се сместени скапи домови и имоти во близина на Лос Анџелес.

Претходно денеска, претседателот Џо Бајден на прес-конференција рече дека не е сигурен, но дека на неговиот син му било кажано дека имотот му е запален пред да му се даде надеж дека куќата можеби го преживеала пожарот.

– Неверојатно е што се случува. Мојот син живее овде и неговата сопруга. Вчера добија известување дека нивната куќа најверојатно изгорела до темел – изјави Бајден на прес-конференција во Санта Моника, Калифорнија.

Фотографиите објавени од медиумите покажуваат дека домот Хантер (54) го дели со неговата сопруга Мелиса Коен, е еден од повеќе од 1.000 домови кои беа целосно уништени во четирите шумски пожари кои сè уште беснеат во округот Лос Анџелес.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното