ВИДЕО Израелката со македонско потекло по 477 денови беше ослободена од Хамас и се врати во Израел

Израелката со македонско потекло, Наама Леви по 477 дена поминати во заробеништво беше ослободена од Хамас и се врати во Израел. Леви беше дел од групата од четири заложнички кои беа ослободени вчера од милитантната група Хамас. Таа беше киднапирана на 7 октомври 2023 година за време на упадот на припадниците на Хамас во Израел.

„Возбудена сум. Знаевме дека овој момент ќе дојде. Не се сомневавме. Помина долго време. Очекувавме тоа да се случи и претходно. Но, ова е тоа, тие се враќаат дома,“ изјави роднина на ослободената заложничка.

По ослободувањето, Наама Леви и останатите заложнички беа пренесени со хеликоптер на израелската армија, каде што први ги пречекале нивните најблиски роднини. Во видеото објавено од израелската армија, Леви на табла напиша: „Конечно дома“, на англиски и хебрејски јазик.

Македонската врска на Леви е преку нејзината чукун баба, Грасиа Бивас, која била родена во Македонија во 1893 година. Како девојче, Бивас заминала за Израел каде што основала семејство.

Претставници од еврејската заедница во Македонија, како и роднини на Леви, бараа помош од македонските власти за нејзино ослободување, повикувајќи се на нејзиното македонско потекло.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното