Според сведоштвата на заложниците кои биле ослободени од Газа – тука го поминувале најголемиот дел од своето време. Израелските одбранбени сили открија миниран тунел долг километар во кој Хамас наводно држел околу 20 заложници.
На крајот од тунелот се наоѓале тесните ќелии во кои биле чувани затворениците – пет тесни соби зад металните решетки.
– Пронајдени се тоалети, душеци, па дури и цртежи на девојката ослободена во ноември – Емилија Алони, изјави портпаролот на ИД Даниел Хагари.
– Откако пешачеа околу еден километар во тунелот, на длабочина од околу 20 метри под земја, војниците пронајдоа централна просторија во која, според сведоштвата, поголемиот дел од времето го поминувале заложниците кои се вратиле од Газа, рече тој.
Армијата објави фотографии од подземниот лавиринт. Тие донесоа новинари да го фотографираат тунелот пред да го уништат за „да му покажат на светот докази кои не смеат да се заборават“.
– Хамас изврши и продолжува да врши злосторства против човештвото држејќи невини луѓе, деца, жени, мажи, некои болни, постари луѓе, во тешки и нехумани услови, рече Хагари.
This is where Hamas held hostages.
IDF soldiers operated in a tunnel located at the heart of a civilian area in Khan Yunis that was used to hold about 20 hostages at different times. The tunnel was about 830 meters long and about 20 meters deep.
We cannot and will not rest… pic.twitter.com/fDxLNr6lXb
— Israel Defense Forces (@IDF) January 21, 2024
„Терористите се елиминирани“
Влезот во тунелот, наводно, бил откриен во куќата на член на Хамас во градот Кан Јунис, јужна Газа, локација на која Израел се фокусираше во последните недели.
– Војниците влегоа во тунелот каде што наидоа на терористите, започнаа битка која заврши со елиминација на терористите, изјави портпаролот.
– Според сведоштвата со кои располагаме, во овој тунел во различни периоди биле држени 20-тина заложници во тешки услови без дневна светлина, во затнати простории со малку кислород и во страшна влажност што го отежнува дишењето.
– Некои од нив беа ослободени пред околу 50 дена, а некои се уште се во Газа и можеби се во уште потешки услови, вклучително и постари лица на кои им требаат лекови и помош, додаде Хагари.
Видеото беше објавено откако Министерството за здравство кое го раководи Хамас соопшти дека повеќе од 25.000 Палестинци биле убиени во Газа од почетокот на конфликтот.
САД, Египет и Катар вршат притисок врз двете страни да постигнат договор, а се вели дека Израел и Хамас се подготвени да учествуваат во разговорите во Каиро.
Horrific scenes discovered by the IDF inside the tunnels in Khan Younis where some of the hostages were held. 5 year old Emilia Aloni (now released) is believed to have been held hostage here and the IDF found cages where Hamas held children. pic.twitter.com/iZ4KOhDfN0
— Emily Schrader – אמילי שריידר امیلی شریدر (@emilykschrader) January 20, 2024
Американскиот претседател Џо Бајден изјави во петокот дека разговарал со Нетанјаху за можните решенија за создавање независна палестинска држава, сугерирајќи дека една опција би вклучувала влада без нејзина армија.
– Има повеќе видови решенија со две држави, рече Бајден.
– Има голем број земји кои се членки на ОН кои немаат своја армија, изјави американскиот претседател за новинарите по настанот во Белата куќа.
Сепак, висок функционер на Хамас во саботата ги осуди коментарите на Бајден, означувајќи го како соучесник во геноцидот врз Палестинците.
Нетанјаху во неделата повтори дека ќе инсистира на „целосна израелска безбедносна контрола над сите територии западно од Јордан“. Нетанјаху рече дека цврсто се спротивставил на „меѓународниот и домашен притисок“ да ја промени својата позиција и дека ќе продолжи да го прави тоа.
🇮🇱-The IDF releases an even longer video of the tunnel in southern Gaza's Khan Younis, where hostages were previously held by Hamas. pic.twitter.com/px1DvvycfK
— Michael Weingardt (@Michael_Wgd) January 22, 2024
Може ли да има крај на војната?
Преку катарските и египетските посредници, Израел претстави предлог за прекин на воената офанзива против Хамас на два месеци, во замена за постепено ослободување на преостанатите 136 заложници во Газа.
Предлогот не го прифаќа барањето на Хамас Израел целосно да ја прекине војната, но оди чекор подалеку од тоа што Израел го направи во претходните понуди, наведува американската веб-страница „Аксиос“, повикувајќи се на двајца израелски официјални лица. Според предлогот, договорот би вклучувал ослободување на сите преостанати живи заложници и враќање на телата на загинатите заложници во неколку фази.