Безживотно тело на жена денеска беше извлечено од водите на реката Вардар во Скопје.
На локацијата во скопски Аеродром присутни се екипи на полицијата и јавен обвинител.
-Денеска (28.01.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека е забележано женско тело во реката Вардар. Околу 13 часот во близина на мостот Близнак, телото е извадено од реката од страна на полициски службеници од ПС Аеродром. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.