На Фејсбук групата „Grčkainfo.com“ е објавено видео од плажа во Бугарија која е позеленета. Креаторот на видеото се пошегува дека „Бугарија е како Вимблдон“, а сцената предизвика бројни реакции.
Имаше и такви кои тврдеа дека овој феномен не ги мачи и дека морето во Бугарија е прекрасно, додека други „се колнат“ во Грција.
Еден пливач ја посети плажата Сончев Брег и влезе меѓу зелените алги, по патот давајќи несоодветни коментари за овој природен феномен. Судејќи според реакциите на објавата, мислењата се поделени:
„Никогаш не сум бил таму, ниту пак намеравам“
„Никогаш повеќе. Тоа не е море. Ужас во секоја смисла“.
„Отидов во Бургас, прекрасно е. Плажата е исчистена од алги и трева наутро, плажата е песочна“.
