Свет

ВИДЕО: „Ќе испратиме воени бродови“ – Украина се закани на Русија

Украинското Министерство за одбрана ја предупреди Русија дека ќе испрати воени бродови низ Керченскиот Теснец, во кој Русија заплени три украински бродови. Украинскиот министер за одбрана Степен Полторак изјави дека неговата земја има намера да испрати воени бродови низ Керченскиот Теснец, наведувајќи оти во спротивно Русија планира целосно да го окупира Азовското Море.

Украина има пристаништа и во Црно и во Азовско Море, кои се поврзани со Керченскиот Теснец. Повеќе од 140 бродови се наоѓаат на двете страни на теснецот. Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров претходно изјави дека Москва ќе биде подготвена да разговара за судбината на екипажот на украинските воени бродови, кои ги заплени, дури откако ќе заврши нивното судење. Уште не е утврден почетокот на судењето.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни