На денешниот протест, кој подоцна прерасна во марш по повод трагичната сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“ во која животот го загуби 22-годишната Фросина, демонстрантите изразија силен револт и гнев пред Основниот кривичен суд. Несреќата се случи по удар на возило кое го возел 20-годишно момче, кој предходно бил познат по кривични дела и нарушувања на сообраќајните правила.
Демонстрантите пред Кривичниот суд со црвена боја која претставува крв ги направија рацете.
Маршот започна со мирен протест, но со времето се засилија барањата за ригорозни санкции. Демонстрантите, пред судот, ги извикуваа зборовите „Затвор за Васил“, барајќи казни за лицето одговорно за смртта на Фросина и обвинувајќи го за неодговорност и дивеење на патиштата.
Протестирачите апелираа за поголема безбедност на улиците, како и за итна имплементација на системот „Безбеден град“, со цел да се спречат идни трагедии и да се обезбеди правичност за сите жртви на сообраќајни несреќи.
Протестот беше и емоционален момент за сите присутни, кои се сеќаваа на млада девојка која, како што велат, загина поради неказнивоста и неефикасноста на системот.