ВИДЕО Лонг Ајленд гори! Америка на нозе, прогласена вонредна состојба!

Гувернерката на Њујорк, Кети Хокул, прогласи вонредна состојба во округот Сафолк поради пожарот што го зафати Лонг Ајленд, пренесоа американските медиуми.

Огнената стихија не попушта, а силниот ветер кој според прогнозите ќе трае до доцните вечерни часови го отежнува гаснењето на пожарот.

Извештаите потврдија дека локалните патишта на Лонг Ајленд се затворени поради пожарот, дека густ чад се шири над островот и дека населените места се во состојба на готовност.

Гувернерот на Њујорк потврди дека Њујоршката Национална гарда обезбедува воздушна поддршка со хеликоптер и ги координира своите активности со локалните органи за спроведување на законот, нагласувајќи дека приоритет е безбедноста на жителите на Лонг Ајленд.

„Првиот пожар избувна во саботата околу 13:00 часот, а уште три избувнаа во текот на денот“, потврди директорот на округот Сафолк Ед Ромен на прес-конференција.

Пожарите изгореа структура во близина на аеродромот Францис С. Габрески, каде персоналот беше евакуиран како мерка на претпазливост почнувајќи околу 13:45 часот, изјави портпаролот за Асошиетед прес во изјавата, истакнувајќи дека тоа би можело да биде „повеќедневен настан“ и дека тие се „загрижени поради зголемените ветрови“.

Пожарот избувнал во природниот резерват, од каде што не треба многу да се прошири кон населени места, од кои најблиску е оддалечен околу четири километри.

Еден пожарникар е повреден при гаснење на пожарот и е пренесен во болница поради изгореници од втор степен на лицето.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното