ВИДЕО Луѓето користеле чаршафи за да се симнат од повисоките катови на запален хотел во Турција

Најмалку 66 лица загинаа, а 51 се повредени во пожар што избувна во хотел во ски-центар на планината Болу во северозападна Турција. Гости во паника среде ноќ скокнаа од прозорците на зградата на хотелот во ски-центарот Карталкаја, изјави министерот за здравство Кемал Мемишоглу.

Пожарот избувнал околу 3:30 часот по локално време на подот каде што се наоѓа ресторанот. Зградата на хотелот Гранд Картал има 12 ката, а во моментот на пожарот во неа престојувале 234 гости.

Како што може да се види на видео снимките кои доаѓаат од местото на пожарот, луѓето се спасувале слегувајќи од собите на повисоките катови со помош на врзани чаршафи.

Ски инструкторот Неџми Кепчетутан изјави за турската телевизија како успеал да побегне благодарение на доброто познавање на хотелот, додека гостите кои не биле толку добро упатени имале помалку среќа.

„Луѓето извикуваа од прозорецот: „Спасете не!“, бидејќи внатре имаше многу чад. Успеавме да извадиме 20 до 25 луѓе“, изјави тој за телевизијата НТВ.

Причината за пожарот се уште не е позната. Министерот за правда Јилмаз Тунч потврди дека обвинителите се задолжени за спроведување на истрагата за овој трагичен настан.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното