ВИДЕО: Луѓето не можат да се договорат дали овој коњ оди напред или назад – што мислите вие?

На ТИКТОК осамна оптичка илузија која ги натера луѓето да се расправаат на Интернет.

Имено, сопственикот на коњ по име Рудник објавил снимка од него како шета по снегот, а потоа забележал нешто необично. Имено, поради контрастот на неговото темно тело и светлиот снег, речиси е невозможно да се препознае дали коњот се движи напред или назад.

Видеото за само четири дена од објавувањето достигна речиси 15 милиони прегледи и 2 милиони лајкови, а тиктокерите започнаа жестока дебата и се чини дека никој не е сигурен на која страна се движи коњот.

@rudniktheroan

There were a couple of times I genuinely didn’t know…

♬ Eurythmics-Sweet Dreams – AJIMUSTANG

Конечно, во коментарите, сопственикот им ја открил маката на сите и открил дека коњот се движи наназад.

Така, тој се оддалечува од сопственикот, кој го снима со камера.