ВИДЕО Маск се појави со моторна пила на дебатата за намалување на владините трошоци

Илон Маск, милијардерот извршен директор на Tesla, се појави на сцената на конзервативната конференција надвор од Вашингтон во четвртокот со необичен подарок од аргентинскиот слободарски претседател Хавиер Мили: моторна пила.

„Ова е моторна пила за бирократијата“, рече Илон Маск, кревајќи го сјајниот електричен алат на Конзервативната политичка акциона конференција (CPAC) во Националното пристаниште, Мериленд, пренесува Ројтерс.

Црвената метална моторна пила што Миле му ја подари претходно истиот ден, беше изгравиран со шпански слоган потпишан од аргентинскиот лидер: „¡Viva la libertad, carajo!“, што лабаво во превод значи „Да живее слободата, по ѓаволите!“.

Хавиер Мили стана познат по овој симбол, бидејќи често користеше моторна пила на предизборните собири за да ја илустрира својата решеност да ја намали државната администрација.

Маск, најбогатиот човек на светот и страстен промотор на политичките ставови на Мили, учествуваше во дебатата за намалување на владините трошоци и бирократијата. Во четвртокот беше објавено дека 6.000 вработени во американската служба за внатрешни приходи ќе бидат отпуштени, според упатено лице во ситуацијата.

Пред да стане претседател на Аргентина кон крајот на 2023 година, Милај редовно мафташе со моторна пила на митинзите, симболизирајќи ја неговата намера драстично да ги намали државните трошоци и владината интервенција во економијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното