ВИДЕО Маскирани напаѓачи пукале со калашникови во метро во Брисел

Белгиската полиција трага по вооружени лица откако беше пријавено пукање на една од метро станиците во белгискиот главен град.

Снимките од надзорните камери покажуваат дека најмалку двајца мажи со фантомки на главите носат и пукаат со автоматски пушки на влезот од станицата Клемансо во Брисел во раните утрински часови.

Федералната полиција, како и железничката полиција и други единици, повикаа засилување во областа.

Според првичните информации нема повредени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното