Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала во понеделникот ги погоди јужните делови на Турција и северозападниот дел на Сирија, при што според последните проценки загинаа повеќе од 20.000 луѓе.
Неколку секунди пред да се случи првиот земјотрес во Турција и Сирија, на небото над погодените области можеа да се забележат некои блесоци на светлина, кои луѓето успеаја да ги снимат и да ги објават на социјалните мрежи.
Сината светлина (земјотресна светлина) позната и како триболуминесценција, која за прв пат може да се види во Турција, предизвика паника кај граѓаните пред самиот земјотрес, пренесува groundreport.in.
Прво се слушнал звук на шушкање, а потоа на небото се појавила сина светлина. Звукот станувал сѐ посилен и посилен со силен трепет.
Lightning was shooting through the sky at the same time that the 7.8 MAG earthquake hit Turkey.
Several hundred people feared dead. pic.twitter.com/hq8bL30Hnl
— Citizen Free Press (@CitizenFreePres) February 6, 2023
Овие светла, кои наликуваат на северната светлина, се документирани уште од 17 век, според извештајот на Американското сеизмолошко здружение. Генерално, тие можат да се забележат кај помалку од 0,5% од земјотресите и нивното времетраење е обично дел од секундата.
Зошто мистериозни светла се видливи на небото пред големите земјотреси?
Појавите како што се молњите, светлосните топки, електричната енергија и континуираните блесоци, кои се пријавени во врска со земјотресите, се нарекуваат сеизмички светла (SEB).
Фридеман Фројнд, визитинг професор по физика на Државниот универзитет во Сан Хозе и виш истражувач во Истражувачкиот центар Ејмс на НАСА, открил во 2001 година дека триболуминесценцијата се должи на фактот што карпите можат да станат полупроводници за време на телуричното движење.
Фројнд и неговите соработници се прашувале дали „земјотресните светла“ се резултат на електричен полнеж произведен од одреден тип карпи под голем тектонски стрес.
#HAARP BLUE LIGHT.. not an accidental earthquake#Turkey #earthquakes #turkiyeearthquake #TurkishEarthquake #Syria_earthquake #Syria pic.twitter.com/ROBRubRHi2
— _47 (@Hamad_947R_) February 6, 2023
– Кога силен сеизмички бран патува низ земјата, тој ги компресира карпите со голем притисок и брзина, создавајќи услови кои генерираат големи количини на позитивни и негативни електрични полнежи. Овие полнења можат да патуваат заедно, достигнувајќи таканаречена плазма состојба, која може да експлодира и да пукне во воздух, рече тој во својот извештај.
– Полнењата може да се комбинираат за да формираат еден вид состојба слична на плазма, која може да патува со многу големи брзини и да пукне на површината за да произведе електрични празнења во воздухот, објасни Фројнд за списанието National Geographic.
Се верува дека е предизвикано од фрактура и триење на земјините плочи создавајќи електрицитет што се ослободува на површината со голема брзина и сила.
Земјотресните светла не се вообичаени. Тие обично се случуваат пред или за време на големи земјотреси, но може да се појават неколку недели однапред. Во иднина, со проучување на сеизмичките светла, ќе може да се предвиди појавата на големи земјотреси и да се намали нивното влијание.