Светлосна трага беше забележана на небото над Велингтон, главниот град на Нов Зеланд, во вторник. Снимката, снимена со веб-камера во едриличарскиот клуб Херетаунга, исто така го покажува феноменот рефлектиран во водата, објави Би-Би-Си .
Се претпоставува дека може да станува збор за метеор или парче вселенски отпад што влегол во атмосферата, но сè уште нема официјална потврда.
