Од МВР информираат дека вечерва околу 20 часот и 20 минути пријавено е пукање на улица Цветан Димов и дека има повредено едно лице од огнено оружје.
Пријавителот рекол дека е пукано од возило „Пасат“. 4NEWS.mk веќе објави дека станува збор за возило со кумановски регистарски ознаки.
Повредниот е пренесен вп ГОБ „Св. Наум Охридски“ и според наши извори во моментов во тек е операционен зафат.
Според информации на нашата редакција испукани биле четири куршуми кон лицето А.Б.
Голем број на полициски сили се уште се на терен во близина на Веро во скопски Чаир.