ВИДЕО: Насилни протести во Атина, повредени демонстранти и полицајци – 13 лица уапсени

Најмалку три лица се повредени, 66 се приведени, од кои 13 уапсени, најмалку три опожарени автомобили, фрлени стотици молотови коктели, шок бомби и солзавец, употреба на водени топови и значителна материјална штета е билансот од судирите што траеја до доцна во ноќта меѓу групи анархисти и полицијата во атинската населба Ексархија, каде пред 10 години беше убиен 15-годишниот Алексис Григоропулос.

Во судирите, што со мали прекини траеја повеќе од три часа, со повреди се здобија двајца полицајци и еден цивил и сите беа пренесени во болница. Грчката полиција, вчерашните протести во текот на целиот ден ги следеше со хеликоптер и со дрон. Претходно, во попладневните часови, во сеќавање на убиеното момче се одржа мирен протестен марш во центарот на Атина до грчкиот Парламент.

Извор: ТВ21