ВИДЕО Навивач го снимил Ѓоковиќ во ситуација која не се видела во преносот – српскиот тенисер повраќал за време на натпреварот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на престижниот Мастерс во Шангај, но победата против Германецот Јаник Ханфман не дојде лесно.

Во текот на целиот натпревар, Ѓоковиќ изгледаше исцрпено и видливо се мачеше на теренот, што делумно може да се припише на тешките услови за игра, за кои самиот се пожали претходно. Високата влажност и топлината во Шангај оставија трага врз најдобриот тенисер во светот.

Колку всушност беше лош, потврдува видеото што се прошири на социјалните мрежи, а кое го сними еден од навивачите од трибините. Имено, во еден момент за време на натпреварот, Ѓоковиќ поврати на теренот, а ова е детаљ што не беше прикажан во телевизискиот пренос.

Сепак, и покрај големите физички проблеми, Ѓоковиќ ја покажа својата добро позната ментална сила и борбеност и успеа да го сврти натпреварот во своја корист.

Во осминафиналето ќе се соочи со нов предизвик против Шпанецот Хауме Мунар, а останува да се види дали ќе може да се опорави и да се прилагоди на условите во Шангај.