Вчера АРГЕНТИНА во драматично финале ја совлада Франција и стана светски првак.
Навивачите на стадионот целосно полудеа по пеналот, а една навивачка во еуфорија го соблече дресот и ги покажа голите гради. Камерата го фати моментот, а видеото почна масовно да се споделува на Твитер. Голите гради на Аргентинката завршија на Би-Би-Си.
For anyone who missed the topless woman 😂 #worldcup #france #argentina #topless pic.twitter.com/lHQ1JBaqS6
— Oli (@coldblowlane87) December 18, 2022
Сепак, Катар има строги закони кои регулираат како жените треба да се облекуваат во јавност – имено, од нив се очекува да се покриваат. Туристичката управа на Катар побара од навивачите кои ја посетуваат земјата на турнирот да ја „почитуваат локалната култура“ и да избегнуваат облека што е премногу откривачка.
Оние кои не се во согласност со локалните обичаи може да бидат замолени да си заминат, да им биде забранет пристап на одредено место или дури и да бидат уапсени ако нивната облека се смета за навредлива.
