Јаслите пред катедралата денеска без најважниот член.
Малиот Исус, некој го украл. Како да тоа не е доволно, на Марија и е пресечен еден прст, а на пастирот два прсти. Жителите на Риека зачудени.
„Не можам да верувам дека на некој ова му падна на памет. Па и како некој облик на забава да е, ова не е забава“.
„Најверојатно на некој ќе му донесе среќа“.
Некои граѓани гледаат и нешто повеќе од вандализам.
„Мислам дека ова е порака, на анархистите и луѓе кои длабоко размислуваат и со ова испраќаат порака кон власта, дека ќе останеме без деца“.
Што и да е, од катедралата молат, Исус да му го вратат.
„Може да го вратат и анонимно и секако и се молиме во Бог тој што го украде да го просветли“.
Оваа постава чини околу 10.000 евра, а изработката е на Бранко Лисјак.
Кражбата на Исус се случила за време на Новогодишната ноќ. Јаслите се под видео надзор, но тој не работи кога цркавата не работи.
Интересно е тоа што на 10 метри од црквата се наоѓа полициската станица.
НОВИНАР: ИВАН ФОРЈАН | НОВА ТВ
ПОДГОТВИ: ЈОВИЦА ПАУНОСКИ | ТВ21