ВИДЕО Несреќа кај гимназијата „Јосип Броз – Тито“ – уште еден човек повреден на пешачки премин

Вечерва уште една сообраќајна несреќа се случи на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз-Тито“, кој е еден од најопасните за пешаците и велосипедистите во главниот град.

На социјалните мрежи беше објавена снимка направена веднаш по несреќата, на која се гледа повредениот човек како седи на коловозот додека минувачи се обидуваат да му помогнат.

Од полицијата сè уште нема официјални информации за околностите на несреќата и за здравствената состојба на повредениот.

Ова е втор инцидент на истиот пешачки премин во последниот месец. Пред неполн месец, возач на џип прегази жена и избегал од местото на несреќата, а подоцна беше уапсен на патот кон Средно Водно.

Граѓаните и пешаците ја повикуваат надлежната институција да преземе мерки за зголемување на безбедноста на овој ризичен премин.