Балкан

ВИДЕО Нова драма на Јахорина: Дете висеше од жичницата – спасено со брза интервенција!

ВИДЕО Нова драма на Јахорина: Дете висеше од жичницата – спасено со брза интервенција!

Нов инцидент со жичара денеска предизвика вознемиреност на планината Јахорина, откако малолетно дете останало да виси од седиштето додека траел превозот.

Според информациите објавени од регионални медиуми, присутните забележале дека детето не е стабилно поставено на седиштето, по што настанала паника. На видеоснимка што се споделува на социјалните мрежи се гледа како две лица го придржуваат детето додека останатите притрчуваат за да помогнат безбедно да биде симнато.

Со навремена и координирана реакција, детето било успешно спуштено на земја.

Овој настан следува само неколку дена по претходен сериозен инцидент на истата планина, кога друго дете падна од жичара и се здоби со повреда на ногата, по што беше пренесено во болница на лекување.

Очевидци на претходниот случај изјавија дека сè се случило за кратко време, во рок од околу една минута, при што детето се лизнало и паднало додека било со мајката на седиштето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни