ВИДЕО Новак доби „непристојна понуда“: Сред меч и тоа од трибини, вака реагираше

НАЈДОБРИОТ тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ го совлада Дино Прижмиќ со 3:1 во сетови, а мечот донесе интересна ситуација.

Интересен натпревар одиграа Србин и Хрват, а во четвртиот сет се случи неочекувана сцена, Ѓоковиќ поведе со 4:1, а од трибините се слушна порака:

– Ожени се за мене!

Новак прво се насмеа, а потоа одговори:

– Јас сум оженет!

Новак со овој одговор насмеа многумина од трибините.

Во следното коло ќе игра против Алексеј Попирин или Марко Полманс.