ВИДЕО Нови детали за авионската несреќа во Сао Паоло во која авион се судри со автобус на улица, има мртви!

Две лица загинаа, а уште две се повредени кога мал авион удрил во возила на прометната авенија Макрез де Сао Висенте во Сао Паоло, соопшти локалната противпожарна служба за Ројтерс.

Авионот се урнал околу 7 и 20 часот по локално време во близина на аеродромот Конгонхас, јавува Скај Њуз.

Паднал на коловозот, а на сликите и видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како автобусот гори.

Малиот двомотор Кинг Ер го напушти аеродромот Кампо де Марте претходно, објави бразилската телевизија. Контролната кула изгубила контакт со авионот неколку минути подоцна.

Деталите за несреќата се уште не се познати.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното