МАЛ авион што превезуваше странски туристи од Унгарија и Германија се урна денес во Кенија, при што загинаа сите 11 лица во авионот.
„Момбаса Ер Сафари“ соопшти дека авионот превезувал 10 патници: осум Унгарци и двајца Германци. Пилотот бил Кениец. „За жал, нема преживеани“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.
Управата за цивилно воздухопловство соопшти дека несреќата се случила во регионот Квале, во близина на брегот на Индискиот Океан, околу 6:30 часот наутро.
Командантот на регионалната полиција во соопштението објавено од јавниот радиодифузен сервис Кенија Бродедиск Корпорејшн изјави дека сите патници биле туристи. „Ситизен ТВ“ објави дека телата на членовите на екипажот биле изгорени до непрепознатливост.
Управата за цивилно воздухопловство соопшти дека авионот летал од крајбрежниот град Диани до Кичве Тембо во резерватот Масаи Мара во Кенија.