ВИДЕО Огнен пекол во Јужна Кореја – се урна противпожарен хеликоптер, загина пилотот

Огнен пекол во Јужна Кореја каде смртоносните шумски пожари беснеат од викендот ги однесоа животите на 18 лица, при што илјадници жители беа принудени да ги напуштат своите домови, а властите ја нарекуваат една од најтешките природни катастрофи во последниве години.

Хеликоптер вклучен во гаснењето на најмалку десет шумски пожари што ги зафатија јужните области се урна денеска, при што загина неговиот пилот, соопшти пожарникарската служба, пренесува Ројтерс.

„Хеликоптер вклучен во гаснење пожари се урна во планинска област“ во округот Улсан, објасни јужнокорејската противпожарна служба, потврдувајќи дека пилотот е „прогласен за мртов на лице место“.

Според јужнокорејската национална новинска агенција Јонхап, шумската агенција одлучила да ги приземји сите хеликоптери кои досега учествувале во операциите за контрола на пламените јазици.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното