ВИДЕО: Ова момче само си направи куќа за 5 илјади евра – „Не сакам да плаќам кирија“

Замислете дека имате 20 години и живеете во целосна природа, во куќа што сами сте ја изградиле со вашите 10 прсти.

Има еден млад човек во Англија кој го направи тој сон реалност. Том сакаше да стане независен, но сакаше и да изгради своја куќа, па се зафати со изградба на мала, едноставна куќа.

Тој не сакаше да ги дава сите заштеди за кирија, па почна да гради куќа.

Том започна да гради на имотот на неговите баби и дедовци, а кога имал само 17 години, купил приколка на која ќе започне да гради куќа.

Тој самиот ја направил изолација, приклучокот за струја и вода, а кога наполни 18 години, веќе си направи куќа за себе.

Куќата има соларни панели, но и пумпа за вода. Момчето направило пумпа која собира дождовница што ја користи за туширање. Овој човек потроши 5000 евра за изградба на оваа мала куќа, и има кујна + дневна соба, бања и мала спална соба. Погледнете како тоа изгледа: