За време на летото, лубеницата е едно од најважните овошја кои на листата на купување се наоѓа на врвот, затоа што благодарение на големо количество вода и влакна, идеално го разладува организмот.
Но, дали би се одлучиле да пробате „похована лубеница“.
На прв поглед изгледа како шунка или печеница прекриена со сос од карамела. Готвачот Вилијам Хоровиц, сопственикот на првиот ресторан во Њујорк во кој се подготвуваат ваквите лубеници, сакал да зготви лубеница на ист начин како што се готви месото. Во снимката во продолжение погледнете како настанува похувана лубеница и пишете ни во коментарите дали ви се допаѓа?
https://www.facebook.com/insidernewyork/videos/283814905366163/
Што се случува со вашето тело кога секојдневно конзумирате лубеница?
Лубеницата е една од причините што на повеќето летото им е омилено годишно време. Сочна и слатка, лубеницата е еликсир и чувар на здравјето.
Лубеницата може да направи многу повеќе отколку што знаеме и мислиме:
Ви откриваме 9 важни благодети на ова слатко овошје.
Поубава кожа
Благодарејќи на високата количина на витамин А и C, кожата останува здрава, а ќе ве штити од штетните UV зраци.
Поубава коса
Нема само кожата да има корист од лубеницата! Косата ќе ви биде побујна, а опаѓањето ќе се намали.
Го подобрува здравјето на срцето
Лубеницата е полна со цитрулин, аминокиселини. Во телото се претвора во аргинин и ги опушта крвните садови. Со тоа се подобрува протокот на крв.
Го подобрува работењето на бубрезите
Лубеницата испорачува доста течности до бубрезите и бешиката – што е важно за изнесување на токсините и отпадните производи.
Го подобрува видот
Богати се со бета-каротен, што е добро за видот.
Го подобрува здравјето на коските
“Јаките коски се добиваат од млекото”, не учеа родителите. Меѓутоа, за коските е здрава и лубеницата. Како и доматот, и лубеницата содржи ликопен, кој го смалува развојот на остеопороза, а високата концентрација на калциум, ги чува коските и зглобовите.
Го намалува крвниот притисок
Зголемениот крвен притисок доведува до зголемен ризик од мозочен удар или срцев удар. Со конзумирањето на лубеница тоа може да се спречи. Тоа е поради цитрулин амино киселините, кои се наоѓаат во големи количини во лубеницата и кои ги опуштаат крвните садови и ја подобруваат циркулацијата.
Добра е за мускулите
Лубеницата го поттикнува рехабилитирањето на мускулите после тренинг.