Дали сакате палачинки, но се плашите од валканите садови кои остануваат по подготовката? Решението е во нов рецепт за подготовка на палачинки, кој веднаш стана хит.
Имено, палачинките од шише во моментов се нешто за што многу се зборува на социјалните мрежи, а луѓето кои го пробале овој начин на подготовка се целосно воодушевени, пишува krstarica.com.
Ви треба:
пластично шише од 1,5л
2 јајца
10 лажици брашно
3 лажици шеќер
прстофат сол
3 лажици масло
600 мл млеко
малку кисела вода
Подготовка:
Ставете ја инката на шишето и прелијте ги сите состојки. Започнете со сувите состојки, а потоа продолжете со течноста. Потоа добро затворете го шишето и протресете го, загрејте ја тавата, па почнете да правите палачинки од шишето на вообичаен начин.
Не само што дозирањето ќе биде многу полесно, туку смесата ќе можете да ја чувате во шише во фрижидер, пишува krastarica.com.