ВИДЕО Панчо го напишал текстот за „Ако утре ме нема“, а во последното интервју откри што била инспирацијата!

Македонската музичка сцена денес тагува по смртта на Владимир Блажев – Панчо од познатото дуо ДНК, кој почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани.

Социјалните мрежи се преплавени со пораки на жал, љубов и благодарност за човекот кој остави длабока трага во македонската музика.

Во нивна чест денеска повторно го реобјавуваме последното интервју во кое гостуваат со неговиот колега Андреја, кој беше меѓу загинатите во трагедијата во Кочани на 16 март.

Во своето последно интервју во емисијата „Еден на еден“ тие открија како настанала песната „Ако утре ме нема“.

Песната е напишана од страна на Панчо, а на прашањето што го инспирирало Андреј вели „животот“ додека пак Панчо додава дека идејата му дошла оддамна, но се чекало „правото време“.

„Оддамна, идејата и темата ми се многу оддамна, само чекавме момент тоа да, не сакавме да го направиме шунт и кич, него и Џамбо кога го викнавме само неговиот дел е тоа што се Џамбовци, они свират иначе маријачи, ја слушате трубата како звучи и е, фактички гитарите се Џипси кинг, нема ништо тука што е она шунт, што е балканско и такви работи, и самата мелодиска линија е тотално различна. Затоа ние можеби чекавме да дојде вистински момент да ја направиме, и не добивме ниту една негативна критика, Лазе се плашеше да не почнат… ама можеби во последниве години не сме добиле попозитивни критики од повозрасни луѓе, од 35 нагоре“, рече Панчо.

Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство и блиските.

Вечна слава!