Македонија

ВИДЕО: Пижами нема да им требаат, Џафери ги отклучи пратениците па ќе спијат дома

ВИДЕО: Пижами нема да им требаат, Џафери ги отклучи пратениците па ќе спијат дома

Полноќниот театар кој цела јавност можеше да го гледа преку директен пренос на Собранискиот канал заврши со среќен крај. Пратениците се отклучени и сите може да го напуштат Собранието и да спијат дома.

Претходно вистина драма во салата под куполата на врвот од Собраниската зграда.

Со цел да се пребројат, претседателот на Собранието Талат Џафери нареди да се заклучи вратата за влез-излез од салата, а на тоа бурно реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде побараа дури и полициска интервенција.

Вечерва е мирно во Собранието, а од обезбедувањето ни беше потврдено дека речиси сите пратеници го напуштиле законодавниот дом.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни