ВИДЕО Почина познат бодибилдер на 35 години, призна дека користел стероиди

Познатиот јужнокорејски бодибилдер и Јутјубер, Парк Сеонг-Хјун, почина на 35-годишна возраст. Тој беше едно од главните лица на бодибилдинг индустријата во Далечната Источна Азија, а неговото заминување одекна во тамошните медиуми.

Имено, пред шест години, во 2019 година, тој призна дека користи стероиди, а пред неколку месеци изјави дека страда и од психолошки проблеми.

– Се борев со депресија и бев на психијатриско лекување – изјави Парк.

Во последно време изгледа се лишува од храна, бидејќи на социјалните мрежи објави фотографија на која наводно има 110 килограми. Престана да оди во теретана.

Причините за смртта се непознати, а освен бодибилдинг, тој имал и свој YouTube канал каде објавувал содржини поврзани со развојот на мускулатурата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното