Полската политичка сцена е во фокусот на јавноста по скандалот што избувна на седница на парламентарен одбор, кога пратеникот на партијата Право и правда (PiS), Марек Суски, јавно ги навреди своите колеги, нарекувајќи ги „дебили“.
Инцидентот се случил по гласањето за барањето за разрешување на претседателот на Одборот, Пјотр Адамович од Граѓанската коалиција (KO). Иницијаторите на смената, меѓу кои имало и пратеници од PiS, тврделе дека Адамович им го ускратува правото на говор и ја ограничува парламентарната расправа, што тој и претставниците на KO го негирале.
Тензиите дополнително се зголемиле кога пратениците на PiS инсистирале да се отвори расправа за разрешувањето. По остри обвинувања од страна на Јоана Лихоцка, Војчех Крол од KO побарал итно да се премине на гласање. Предлогот бил усвоен со мнозинство, по што Суски бурно реагирал, јавно ги навредил колегите и демонстративно ја напуштил салата.
И покрај реакциите во јавноста, Суски изјави дека не се кае за своите зборови, обидувајќи се да ги оправда со, како што рече, ускратеното право на говор. Од друга страна, пратеничката група на Граѓанската коалиција поднесе барање до Етичката комисија, со кое се бара санкција за неговото однесување, оценувајќи ги навредите како непримерни и понижувачки.
Ова не е прв ваков инцидент поврзан со Марек Суски. И во октомври 2024 година тој беше во центарот на критики откако, за време на расправа во истиот одбор, со истиот навредлив израз го нарече и пратеникот Пјотр Адамович.
Suski puściły nerwy: „Do widzenia, debile” — i trzasnął drzwiami.
— NEXTA Polska (@nexta_polska) December 18, 2025
Skandal w polskim Sejmie. Poseł PiS Marek Suski demonstracyjnie opuścił posiedzenie Komisji Kultury, nie przebierając w słowach.
„Opuszczam tę komisję. Z debilami pracować nie można” — rzucił Suski, wychodząc z… pic.twitter.com/tUtqOFsQjx