Германската канцеларка Ангела Меркел го имапе последното обраќање како лидер на владејачката Христијанско демократска унија на партиската Конференција во Хамбург. Таа се поздрави со сопартијците со емотивен говор во кој рече дека и било чест што имала можност 18 години да биде на чело на партија.
Меркел беше поздравена со деветминутни овации на почетокот на Конференцијата, на која треба да биде избран нејзин наследник на функцијата партиски лидер. Меркел беше избрана за лидер на ЦДУ во 2000 година, по што во 2005 стана и германски канцелар. Во октомври годинава таа најави дека на декемвриската Конференција на ЦДУ нема да се кандидира за уште еден мандат на функцијата партиски лидер, но дека планира да остане на местото канцелар до 2021 година.