Попладнево во автомеханичарска работилница, лоцирана во близина на Тутунски, избувна пожар.
На местото на настанот интервенираат екипи на противпожарната служба, кои во моментот работат на локализирање и гасење на огнот.
Според првичните информации, нема повредени лица, а причините за пожарот се во тек на утврдување од страна на надлежните служби.

