МВР го приведе насилникот од Радовиш кој тепаше жена, а насилството го пренесуваше во живо на социјалната платформа „ТикТок“.
-Лицето веднаш е однесено во станица, потврдуваат од МВР.
Видеото кое беше вознемирувачко се прошири на социјалните мрежи, а сведоци велат дека насилникот не ја малтретирал само бремената жена, туку и нејзините деца.
На видеото се гледа како насилникот постојано ја пцуе и тепа жената за која се тврди дека е бремена. На социјалните мрежи се шират и други видеа од истиот насилник кој ја малтретира жената, а против истиот веќе има активен судски спор, бидејќи претходно малтретирал друга жртва.
Согласно закон за кривичното дело „Семејно насилство“, неопходен е предлог за кривично гонење, но жената одбивала кривичен прогон и изјавувала дека видеото е старо и покрај тоа што од снимката каде насилникот се гледа како ја тепа стои сабота 22 март 2025 година.
Жртвите честопати поради страв од одмазда продолжуваат да го трпат насилството и истото не го пријавуваат.