ВИДЕО Пронашла таен бункер во подрумот на куќата на нејзината баба, но тоа не било единственото изненадување

Тиктокерката Карли објави видео од необичното откритие кое го пронашла во подрумот на куќата на нејзината баба, а видеото набрзо стана вирално и собра четири милиони прегледи. Карли објаснила дека претходните сопственици го подготвиле подрумот како засолниште за нуклеарен напад, а нејзината баба не може да се спушта по скалите, па го оставила подрумот недопрен.

Таен бункер

Подрумот изгледа сосема обично, но всушност крие тајна врата, бункер и многу бизарни предмети. Карли отиде до лажната цевка и ја помести, отворајќи ја скриената врата што води до просторијата наменета за складирање на конзервирана храна и пиштоли. Но, тоа беше само почеток.

@itsmecarlys Best thing about coming to this house. #doomsdaypreppers #bunker #endofdays #coolhouse #housetour ♬ original sound – It’s me Carly

Таа се сврте кон дрвената разводна табла зад која се наоѓаше влезот во таен бункер со куп стари лименки, гас-маски и шест импровизирани легла.

Бункерот е поделен на две простории, а во втората има извор на вода и уште една дрвена клупа. Претходните сопственици изградиле дури и тунел низ кој во случај на опасност можат да се лизгаат директно во таен бункер.

„Кога има гужва, знам каде доаѓам“, рече на крајот таа.