ВИДЕО Прослава на улиците на Шпанија и Португалија: Погледнете како граѓаните го дочекаа враќањето на струјата

Граѓаните на Шпанија и Португалија по улиците и со радост го прославија враќањето на струјата.

Како што пренесуваат медиумите, но и како што може да се види од видеата објавени на социјалните мрежи, граѓаните со извици и со радост и играње по улиците го прославија враќањето на струјата.

И португалскиот портал Публико пренесува дека голем број граѓани славеле и пееле од прозорците на своите станови и куќи, но и на улиците.

На социјалните мрежи беа објавени слични сцени од улиците на Шпанија.

Потсетуваме, во понеделник, на 28 април, во утринските часови, големи делови од Шпанија и Португалија останаа без струја, што предизвика големи проблеми во сите видови сообраќај, но и во секојдневниот живот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното