Балкан

ВИДЕО: Прва снимка од излетаниот воз со амонијак

ВИДЕО: Прва снимка од излетаниот воз со амонијак

Местото не е обезбедено, на лице место нема полиција, противпожарна единица или екологисти.

Иако поминаа 4 дена од инцидентот што се случи на 25-ти декември во раните утрински часови, местото не е обезбедено, ниту опколено.

Закочен е само сообраќајот на автопатот, а автомобилите и камионите се пренасочуваат по обиколна рута. Возот превезувал најмалку 20 цистерни полни со амонијак . Сепак, на лице место сè уште се чувствува нејзиниот задушувачки мирис.

Екипата на bTV, која се наоѓа на местото на несреќата, не гледа ниту полицајци, ниту пожарникари, ниту екологисти. Тлото околу железничките пруги е целосно црно. Реката Нишава се наоѓа на само два до три метри од железничките пруги.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни