ВИДЕО Први детали од полицијата за вечерашната тепачка пред скопски ресторан

Вечерва пред угостителскиот објект Дукат во Скопје избила голема тепачка.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за 4NEWS информираат дека две лица се уапсени.

„Вечерва во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено нарушување на јавниот ред и мир пред угостителски објект на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, при што од страна на полициски службеници од СВР Скопје лишени од слобода се две лица“, соопшти МВР.

Засега нема дополнителни информации за повредени лица.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.