Пристигнуваат првите снимки од местото на инцидентот вечерва во скопски Чаир.
Порталот 24инфо.мк објавува видео од местото на пукањето во близина на Веро Чаир, каде може да се забележи големо полициски присуство, како и присуство на специјални единици.
Во моментов нема официјални инфомации од МВР, а неофицијалните кои веќе ги објави 4NEWS.mk говорат дека возило марка пасат со кумановски регистарски ознаки од кое најверојатно е пукано, во моментов е во бегство.
Во текот на вечерта се очекува МВР да соопшти повеќе детали.