Македонија

ВИДЕО Први снимки од местото на трагедијата во близина на Кичево, едно лице загина

ВИДЕО Први снимки од местото на трагедијата во близина на Кичево, едно лице загина

Во тешка сообраќајна несреќа која се случи попладнево, како што веќе објавивме на патот Кичево-Стража, едно лице загина, неофицијално дознава 4NEWS.mk

Страшни се првичните снимки до кои дојдовме. Автомобилот се гледа како е паднат во река откако претходно изгубил контрола и излетал од патот.

Според првичните непотврдени информации едно лице загина, а друго итно е префрлено на скопските клиники.

Во моментов нејасно е кои се причините за несреќата. На лице место се екипи на пожарна, брза помош и полиција.

Во излекувањето на автомобилот учествува и механизација од село Колари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни