Вечерва, во близина на зелениот пазар во Тетово, е пронајдена почината девојка од страна на случаен минувач.
Се работи за сомнителна смрт на девојка, неофицијално студентка во четврта година студии, по потекло од Косово
Веднаш по пријавата, на местото на настанот пристигнале полициски екипи и претставници на Јавното обвинителство, кои спроведуваат истраги за расветлување на причините и околностите на инцидентот.
Телото е испратено на обдукција, додека властите сè уште не дале дополнителни детали за идентитетот на жртвата или можните причини за смртта.