ВИДЕО Први снимки од верижен судир на осум возила, сообраќајот се пренасочува

Целосен застој на сообраќајот е создаден попладнево на магистралниот пат што води од Мавровската крстосница кон Гостивар, откако се случи верижен судир во кој учествувале дури осум возила. Полицијата ги советува возачите да ги користат алтернативните локални патишта додека трае увидот.

Причината за прекинот на сообраќајот е тешка сообраќајна несреќа пријавена во полиција во 15:56 часот. Според првичните информации, во судирот учествувале четири автомобили и четири мотоцикли, а најмалку пет лица се пријавени како повредени.

Полициски службеници од Гостивар се наоѓаат на местото на несреќата и го имаат целосно блокирано движењето по магистралниот пат. Возилата кои се движат во овој правец се пренасочуваат преку споредните патишта кај каменоломот „Прогрес“ и преку месноста Панорама во близина на Вруток.

Несреќата се случува на празничниот ден, кога фреквенцијата на возила на овој патен правец е значително зголемена поради враќањето на граѓаните од туристичките места.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.