Свет

ВИДЕО РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ! Трагедија над река во Кина

ВИДЕО РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ! Трагедија над река во Кина

Светските медиуми јавуваат дека бројот на жртви се искачи на пет, според информациите од Центарот за поморско пребарување и спасување во Гуангжу.

Трагедија го погоди јужниот дел на градот Гуангжу откако товарен брод се судри со мостот Ликсинша, при што мостот се урна и неколку возила паднаа во реката.

Светските медиуми јавуваат дека бројот на жртви се искачи на пет, според информациите од Центарот за поморско пребарување и спасување во Гуангжу.

Драматичната снимка од местото на настанот покажува расцепен мост над реката Перл, додека товарниот брод одговорен за несреќата лежи под него. Полициските чамци веднаш реагираа и се вклучија во спасувачката акција.

По судирот две возила завршиле во водата, додека три слетале на бродот. Две лица беа успешно извлечени на безбедно, според извештајот на државниот Пиплс дејли, додека спасувачката операција се уште е во тек.

Мостот Ликсинша, кој се наоѓа во областа Нанша во Гуангжу, е клучна точка во меѓународниот поморски сообраќај на овој мегалопол. Важно е да се напомене дека работите на зајакнување на мостот во последните години неколкупати се одложуваа поради структурни проблеми, според информациите на државната телевизија Си-Си-Ти-Ви (CCTV), пренесува Телеграф.

Да потсетиме, претходно денеска беше објавено дека несреќата се случила во раните утрински часови, кога шлепчето, кое пловело од Фошан кон јужниот дел на Гуангжу, се судрило со мостот околу 5:30 часот по локално време, се вели во извештајот. на Радио телевизија на Србија (РТС).

На вознемирувачката снимка од кинеската CCTV, празен шлеп може да се види меѓу два столба на мостот, додека дел од коловозот исчезна, оставајќи драматична сцена на реката.

Од мостот испаднале вкупно четири возила и еден електромотор, при што автобусот и уште едно возило завршиле во водата, додека останатите три возила слетале на шлеп. За среќа, во автобусот бил само возачот. За жал, две лица го загубија животот, додека еден член од екипажот на шлеп е повреден, а уште двајца се спасени, се вели во извештајот на Си-Си-Ти-Ви.

Оваа несреќа уште еднаш го наметнува прашањето за безбедноста на инфраструктурата и потребата од брзо спроведување на неопходните мерки за да се избегнат слични трагедии во иднина. Од локалните власти е побарано да преземат итни чекори за подобрување на безбедноста на мостовите и патиштата во регионот за да ги заштитат животите на граѓаните.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни