ВИДЕО Разорен земјотрес на Тајван, четири лица загинаа – први снимки по земјотресот

Тајван го погоди земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, најсилниот во последните 25 години, а најмалку четири лица загинаа, додека повеќе од 50 се повредени, јавува Ројтерс, повикувајќи се на тајванската противпожарна служба.

Службите за итни случаи се тркаат со времето за да ги спасат луѓето затрупани под урнатините.

https://twitter.com/SuppressedNws/status/1775351109395091519?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1775351109395091519%7Ctwgr%5E7ae785c486e6679c7bdc6897a407cc15b462aff7%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fpulsembed.eu%2Fp2em%2FJ9hMxCfCs%2F

Граѓаните на Тајван и јужните делови на Јапонија добија предупредување за цунами и им беше препорачано да се евакуираат на повисоките места, поради брановите кои се очекува да достигнат висина од три метри.

https://twitter.com/dom_lucre/status/1775325642386481216?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1775325642386481216%7Ctwgr%5E5f91e3785cd4f628dea74cbb24f13633330353cc%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fpulsembed.eu%2Fp2em%2FfWwu7TWhu%2F

Земјотресот ја оштети и инфраструктурата и 91.000 домаќинства во моментов се без струја.

Според прогнозите на сеизмолозите, Тајван може да биде погоден од нови земјотреси, до 7 степени според Рихтеровата скала, во следните три до четири дена.

 

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното