Ако сакате убаво обоени јајца, но да ги добиете со природни бои, тогаш пробајте ја руската техника на боење. Ако користите куркума и хибискус посебно, ќе добиете прекрасни нијанси на жолта, сина или сива боја, но со комбинирање на овие две состојки велигденските јајца ќе бидат божествени. Сините и жолтите кои течат ги прават најубавите дезени досега.
Состојки:
јајца
1,5 супени лажици суви цветови од хибискус
1 лажичка куркума
памучна волна
провидна фолија
масло
шприц
Подготовка:
Сварете ги јајцата и истурете ги цветовите од хибискус во чаша и прелијте ги со топла вода. Истурете ја куркумата во друга чаша и исто така прелијте ја со топла вода, но тука користете помалку вода. Намачкајте ја проѕирната фолија, па одвојте ги туферите, така што од еден туфер ќе добиете две половини. Во средината на проѕирната фолија наредете четири прамени да стојат една под друга и малку да се преклопат. Со шприц истурете малку куркума на тафтерот, а потоа чај од хибискус.Дезенот направете го како што сакате, но внимавајте сите прамени да бидат обоени. Ставете го јајцето и сето тоа виткајте го во проѕирна фолија. Повторно намачкајте ја проѕирната фолија и сега директно врз неа истурете ги чајот и куркумата, па замотајте го јајцето. Правете го ова додека не потрошите сè. Оставете да отстои 7 часа, а потоа извадете ја фолијата и туферите и премачкајте со масло.