ВИДЕО: Салата „Кале“ како воена зона на скопското кошаркарско дерби – реагираа специјалци

Големото кошаркарско дерби помеѓу Работнички и МЗТ кое се игра во салата „Кале“ во Скопје, е прекинато некаде кон вториот период, кога се случи пресметка меѓу двете навивачки групи.

Најпрво се слушна пукање во близина на клупата на МЗТ, а потоа уште два пати, по што играчите се повлекоа во соблекувалните. Навивачите се гаѓаа меѓусебно со факели, а мораше да реагираат и специјалците.

Видео од целиот настан: