ВИДЕО Се чека почетокот на судењето, еве каква е атмосферата во Идризово!

Денеска започнува судскиот процес за трагедијата во кочанскиот ноќен клуб „Пулс“, каде на 16 март 2025 година во катастрофален пожар загинаа 63 лица, меѓу кои и шест деца.

Процесот што ја потресе државата добива своја судска епилог.

Обемниот обвинителен акт, поднесен од ОЈО Кочани, опишува повеќедецениски синџир на негрижа, свесни пропусти и корупција, кој започнува од сопствениците на клубот, преку локалната власт, па сè до врвот на неколку државни институции и министерства.

Во обвинението се опфатени 34 физички и 3 правни лица, кои се товарат за делото „Тешки дела против општата сигурност“. Деталите од обвинителниот акт укажуваат на сериозни пропусти во повеќе нивоа на системот.

4NEWS.mk е на лице место во судницата во Идризово, а ова е атмосферата пред судницата: