ВИДЕО Се урна четирикатница во Турција, најмалку пет лица заробени под урнатините

Најмалку пет лица останаа затрупани под урнатините кога денеска се урна четирикатница во Турција, соопштија турските власти.

Причината за уривањето на зградата во градот Коња, кој се наоѓа на околу 260 километри југоисточно од главниот град Анкара, се уште не е позната, пренесе АП.

Две лица се извлечени од урнатините со повреди, јави приватната новинска агенција ДХА.

Гувернерот на Коње Ибрахим Акин изјави дека пет членови од едно семејство најверојатно се уште се заробени во зградата.

Тимот за итни случаи испратен до местото на несреќата користеше специјални уреди за слушање за да ги лоцира можните преживеани, додаде ДХА.

Пред 21 година, во Коња се урна 12-катница, при што загинаа 92 лица, а околу 30 беа повредени.

За уривањето во тоа време беа обвинети структурни дефекти и невнимание.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното