Обилни врнежи на дожд, а локално и град кои дојдоа од север-запад вчера направија големи штети низ Македонија. Особено големи врнежи на град имаше во Охрид, каде побеле цело Охридско езеро.
Во Скопје по 21 часот 20-тина минути силно невреме а на места и силен град кој оштети и неколку автомобили.
Наши читатели јавуваат дека во источна Македонија има и скршени стакла на автомобили поради врнежите од град.
УХМР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ И ЗА ДЕНЕСКА
Денес времето ќе биде посвежо, нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време со поголеми количества воден талог), електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.